Кој е присутен
Има 33 гости присутниАктивност на Форумот
-
Фудбал 2010 (1)
07/20/2010 16:43 -
Нов претседател на М.К.Вмро Дпмне Велгошти
07/08/2010 14:09 -
Игор Бежаноски Валандово 2010
06/27/2010 13:19
|
Во подмножјето на планината Галичица ,на источниот дел од Охридската Котлина, се наога Велгошти. Поголемиот дел од населеното место е расположено на падините и во подножјето на ридовите: ,,На пљуска”, ,,Горни лозја”, ,,Црвени Камчиња”, ,,Олмец”, ,,Костeње”, и ,,Чардак.”На запад ,југозапад и на североисток селото е отворено кон Охридската Котлина.
...... За најстар род се сметаше родот Баракоски .Од нивмалку останаа ,им се сотре семето. Се споменува името на некој многу умен и учен Барак , Иљо Барак. Како него друг учен и умен немало ни во Битола. Исчезнал , го немало. Дали го стопиле Грците, дали на робија го однеле,дали по мориња пошол,други земји да бара, - ништо не се знае. А потоа идеа Вретовци. Од Вретовци Косте, Илко, Кроне, Глигор и Златана Вретоска. Од Костета Цветко , Тоде , Агатија, Евда и Бисета. Косте беше голем донаќин, прочуен газда. Волови ,коњи, овци, ракија , жито, и за дома и за продавање, - со се беше полна Крстевата куќа. Неслогата со синовте му ја растури куќата , се осиромаши Костевата куќа. Таткото Косте се откажа од синот Цветко, овој му беше првенка , машко. Син. Никој не може да ги помити таткото и синот. Иста крв. Помалиот Тоде замина за Австралија. Таму сега овци пасел. ... Исечок од „Пасквелија“ од Живко Чинго .
Видео:
Велгошти за Водици 2010 |
20°C 












