Како што соопшти Наумче Новески ( раководител на шумски екосистеми ЈУНПГ) Националниот парк Галичица го подигна нивото на предострожност на повисок степен со цел превентивно да се делува и да се спречи појава на пожари кои минатата година уништија површина од над 6500 хектари.
Со цел да се спречи појавата на пожари ова лето, НП Галичица деновиве започна кампања за подигање на јавната свест за зголемената опасност од појава на пожари. Ќе се постават информативни табли на 15 локации во националниот парк, а во деловите за рекреација каде има движење на луѓе на дрва ќе бидат поставени пластифицирани флаери со предупредување. Исто така ќе бидат испечатени и 10.000 флаери со едукативна содржина кои ќе се делат на граѓаните и гостите.
Покрај ова предвидено е да се одржат и повеќе средби со локалнато население кои живеат во зоните од националниот парк. Се надеваме дека на овој начин ќе успееме превентивно да влијаеме и да ја намалиме опасноста од појава на пожари.
Во 99% од случаите човекот е одговорен за појавата на пожарите на отворен простор. Минатата година поради сушата имаше идеални услови за појава на пожари кои зафатија голема површина од националниот парк и уништија голем дел од ендемските видови флора.
Наумче Новески
Од НП Галичица информираат дека состојбата секојдневно се следи со засилени контроли на терен и во координација со Дирекцијата за спасување и заштита, но апелираат до граѓаните да бидат крајно внимателни и да го чуваат природното наследтво и животната средина.

26/6/2008, 09:26
. Младински Совет Охрид во рамките на програмата за развој на рекреативниот спорт ,, СПОРТ ЗА СИТЕ-ЗДРАВЈЕ ЗА СИТЕ,, го организира вториот планинарски излет ,,Велгошти 2008,,. За планинарскиот излет пријавени се 60 учесници кои ќе се движат по однапред утврдена релација. Поаѓањето е пред канцеларијата на Младински Совет Охрид, и попатно ќе се приклучувааат групи кај училиштата Григор Прличев, Христо Узунов и Живко Чинго во Велгошти
Поглед на Охрид од Св.Илија
Движењето на групата, по планинарка патека, ќе се одвива од Велгошти до манастирот Св. Илија при што ќе бидат организирани едукативни предавања за движење по планина, исхрана на планина како и за опрема и облека која се користи за планинарење. Исто така учесниците на излетот ќе имаат прилика да се запознаваат со културно историските споменици.
За секој учесник на излетот обезбеден е ланч пакет од донаторот хотел Милениум Палас.

31/5/2008, 10:26
Советот на општината денеска на пладне ја одржа својата 54 седница која ќе влезе во аналите на работата на овој Совет како прва седница одржана надвор од општинскиот центар. Имено, како што е познато, а така беше и закажано со решението за свикување на седницата, општинските советници денеска работеа во една од салите на ОУ „Живко Чинго“ во Велгошти. Ваквото „дислоцирање“ на седницата базира на неодамна донесената одлука на Советот со која се предвидува одржување на седници на овој орган надвор од општинскиот центар односно градот Охрид.
Новиот амбиент за работа на Советот не влијаеше врз расположението за дебатирање кај советниците, па така уште при утврдувањето на дневниот ред, дојдоа до израз познатите спротивставени ставивови базирани на „стравот да не се предлага нешто набрзина и недоразјаснето“. Потенцирајќи дека тој го почитува договорот со координаторите на советничките групи според кој оваа седница требаше да ја има единствената точка на дневен ред- Советнички прашања- претседателот на Советот Владо ЧИНГОСКИ побара изјаснување за тоа дали советот ќе расправа и по предлогот на администрацијата за дополна на Одлуката за формирање на општинското ЈП за стопанисување со спортски објекти и паркинг простори. Ова барање на администрацијата за дополна на дневниот ред со спомнатата точка беше мотивирано од временскиот теснец во кој се најдоа ЈП „Охридски комуналец“ и ЈП „Билјанини извори“ за преземање на ангажираните работници што треба да се изврши до 1. Јуни. Целта беше, ангажираните работници заради спомнатиот рок да не се соочат со прекин во работниот стаж.
По изнесените спротивставени ставови (не гласање) „за“ или „против“ проширување на дневниот ред, се прибегна кон старата пракса за барање пауза заради консултација помеѓу координаторите. Исходот од десетминутната пауза беше: Советот да работи само по единствената точка (договорена пред свикувањето на седницата) а тоа е „Советнички прашања“.
Можноста за поставување советнички прашања до Градоначалникот или службите на администрацијата ја искористија скоро половина од вкупниот борј членови на Советот. Беа поставени петнаесеттина прашања и за одбележување е тоа дека на сите нив советниците побараа писмени одговори што, од своја страна, влијаеше на експресното завршување на седницата одржана во Велгошти. Меѓу прашањата доминираа оние сврзани со комуналното уредување: изградбата на водоводна и канализациона мрежа во приградските населби; прекопувањата на улиците од страна на приватни лица и фирми за потреби на граѓаните и нивно натамошно третирање; разјаснување на тоа до каде е обврската на граѓанинот да прекопува за приклучок на вода или струја; поставувањето на сообраќајни знаци на одредени сообраќајници; начинот на издавање и прибирање средства како и износот на срдствата по кои се издаваат билбордите во градот; организацијата на новоформираното ЈП „Билјанини извори“; висината и покриеноста на средствата за канализацијата и водоводот во Велгошти и Лескоец; просторната, кадровска и стручна опременост на Средните училишта во општината и бројот на учениците кои ќе се запишат во нив .....
извор

28/5/2008, 21:07
Претседателот на Советот на општината, Владо ЧИНГОСКИ ја свика педесет и четвртата седница за среда, 28.05.08. со почеток во 12 часот. Единствена точка предложена со Дневниот ред за свикување на седницата е институтот СОВЕТНИЧКИ ПРАШАЊА.
Одржувањето на седница на Советот на општината со спомнатата единствена точка на Дневниот ред го најави претседателот Чингоски при затварањето на претходната 53. Седница.
Педесет и четвртата седница ќе се одржи во Велгошти (во зградата на ОУ „Живко Чинго“) што е во согласност со неодамна донесената одлука на Советот за одржување на негови седници надвор од општинскиот центар.

25/5/2008, 22:22
Следна