Вести Velgosti.com Vesti .:Најнови Вести:.
ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата “За подобра Македонија“ ја отпочна својата изборна кампања со митингот во Охрид. Сите проценки покажуваат дека се работи за најголем политични собир во Охрид, во поновата македонска историја.
На првиот митинг на коалицијата „За подобра Македонија“ беа претставени кандидататите за пратеници и изборната програма “Преродба во 100 чекори - надградена и проширена“. Кандидатската листа во единицата ја предводи премиерот, Никола Груевски, во двојката Трајко Славевески , во тројката Влатко Ѓорчев, во четворката Зоран Ставрески, носител на кандидтската листа во петката е министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, а во шестката министретката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.На митингот во Охрид говореа претседателите на партиите од коалицијата „За подобра Македонија“ кои искажаа оптимизам во убедлива победа на предвремените избори што ќе се одржат на 1 јуни. Претставниците на партиите на помалите етнички заедници побараа најмалку 61 пратеник, за како што беше речено, продолжување на успешните реформи, зачувување на уставното име и изградба на мултикултурно општество во кое сите етнички заедници ќе уживаат подеднакви права.



Претходно Премиерот Никола Груески го посети и Велгошти каде што ја престави пред изборната програма





12/5/2008, 20:07

На 10.05.2008 година,во 20,45 часот, во ПС за ГК„Стар Дојран„ од страна на Љ.С.(67) од Куманово е пријавено дека на 10.05.2008 година,околу 18.00 часот со неговото ТМВ со кумановски регистерски таблички во кое како сопатник бил неговиот син Д.С.(29) исто така од Куманово, при враќање од Р.Грција на патот Кавала –Солун, ..........

11/5/2008, 23:58


По преземените оперативни мерки и активности, вчера од страна на Одделот за организиран криминал во содејство со СВР Охрид, расветлени се уште два случаи на убиства и тоа над лицата Спиро Ставревски, пронајден на 18.05.2007 закопан на Славеј планина и Ракип Рахим кој досега се водеше како исчезнато лице.


Серискиот убиец Радески

Утврдено е дека Спиро Ставревски роден 1948 година од Охрид бил убиен на 08.02.2007 година, додека на 29.05.2006 година бил убиен Ракип Рахим роден 1957 година, исто така од Охрид.
Во атарот на село Оровник – Охридско, поточно на еден километар над селото во блиската шума, на 20 метри од локалниот пат, во дол длабок 30-тина метри пронајдени се 28 парчиња човечки коски и парчиња ткаенина кои веројатно потекнуваат од облека, а за кои основано се сомневаме дека се всушност остатоци од Ракип Рахим.

Пронајдените докази со наредба од Истражен судија од основниот суд во Охрид се доставени во Институтот за судска медицина во Скопје каде ќе биде извршена дополнителна експертиза, како и утврдување на ДНА профилот.

Откако новите сознанија и докази му беа предочени на осомничениот, кој од 17-ти минатиот месец се наоѓа во притвор, истиот ги потврди делата и ја посочи наведената локација на која го однел и го закопал телото на Ракип Рахим
Според досегашните резултати од истрагата, утврдено е дека модусот на кој што се извршени и овие убиства соодветствува со оној над Трајче Цоцески. Имено лице местото на извршување и на овие убиства е продавницата за железарија во која што работел осомничениот, а начинот на извршување е идентичен, односно со удирање на жртвите одзади со чекан во главата. Со оглед дека и двајцата убиени, исто така работеле на црниот девизен пазар во Охрид, а осомничениот им должел поголема сума пари, мотивот покрај стекнувањето противправна имотна корист се и нерасчистените должничко-доверителски односи. Од истрагата се покажа дека на Ставревски, осомничениот му должел 800 евра, додека на Рахим 1 300 долари.

Извор: МВР

8/5/2008, 18:43

Во Охрид ВМРО-ДПМНЕ закажа митинг, в недела на 11 мај во 20 часот на плоштадот Свети Климент Охридски .
ВМРО-ДПМНЕ ќе ги претстави кандитатите за пратеници од коалицијата “ЗА ПОДОБРА МАКЕДОНИЈА“ и изборната програма “ПРЕРОДБА ВО 100 ЧЕКОРИ – НАДГРАДЕНА И ПРОШИРЕНА“.



Со овој митинг изборната кампања традиционално започнува од Охрид
На митингот ќе се обрати лидерот на партијата, Никола Груевски, а предвидено е и да говорат претседателите на партиите од коалицијата За подобра Македонија.


7/5/2008, 19:52

Охрид е градот од каде ги започнуваме нашите предизборни кампави но и градот во кој непрестајно ќе инвестираме за да го добие својот сјај и светлина кој навистина и го заслужува.Охрид е нашето богацтво и сосема го заслужува ова внимание,порача од Охрид носителот на петтата изборна единица Антонио Милошоски.

Пред преполната сала на Собранието на Општината во Охрид коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја промовираше изборната програма „Македонија знае преродбата продолжува“.





"Охрид ке биде многу поуспешен и со концесиите кои ги правиме за аеродромите во Охрид и Скопје.Со комплетиравето и реновиравето на Аеродромот "Св.Апостол Павле" во Охрид,тој ке биде град во кој туризмот очекуваме да се удвои во следните 4 години.Тоа ке значи и еден голем економски стимул за самото стопанство во Охрид и за неговите граѓани",додаде Милошоски.

На листата се наоѓаат и четири имиња од Охрид меѓу кое е и името на Велгоштанецот Александар Николоски, како и Анита Кипаризова - Крстеска, Цветко Грозданов(сите пратеници во оставка) и името на претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ д-р. Владо Стефаноски.
5/5/2008, 19:33


Следна