Вести
|
|
Флеш Вести
|
|
Петок, 22 Август 2008 16:15 |
|
 Како што беше најавено на претходната седница на советот, денеска беше одржана вонредна седница, со единствена точка на дневниот ред - информацијата за состојбите со Охридското Езеро и користење на плажите на крајбрежјето.По тричасовна расправа советниците едногласно усвоија Декларација за зашитта на крајбрежјето и езерото. Декларацијата ќе биде испратена до претседателот на Република Македонија, претседателот на парламентот и Владата на РМ, како и до ресорните министерства за транспорт и врски и министерството за заштита на животната средина и просторно планирање. |
|
Повеќе...
|
|
Флеш Вести
|
|
Четврток, 21 Август 2008 14:10 |
|
На мала свеченост во кабинетот на градоначалникот Александар Петрески, денес на авторот Александар Лазов, му беше врачен паричниот дел од наградата за најдобар расказ - Живко Чинго. Заблагодарувајќи се на наградата, господинот Лазов истакна дека е посебно горд, што во конкуренција на 52 ракописи, жири комисијата расказот “Будење“ го оценила како најдобар. Градоначалникот Петрески на лауреатот му посака плодна писателска активност и многу награди во понатамошното негово творештво. |
|
Повеќе...
|
|
Флеш Вести
|
|
Четврток, 14 Август 2008 14:42 |
Дваесет и првата Вечер на Чинго се одржа во манастирскиот комплекс „Света Петка“ во Велгошти родното село на големиот македонски писател Живкo Чинго. На манифестацијата му беше врачена наградата на добитникот на Конкурсот за најдобар расказ што по повод годишнината од смртта на писателот го организира Општина Охрид. Тричленото жири во состав Славе Ѓорѓо Димовски, Венко Андоновски и Кристина Николовска, реши наградата „Живко Чинго“ годинава да ја добие расказот „Будење“ на авторот потпишан на конкурсот под шифрата Осветлувач. Авторот ќе добие парична награда во износ од 30 илјади денари.. Живко Чинго, истакнат македонски прозаист и драмски писател почина во 1987 година. Неговите збирки раскази "Пасквелија", "Нова Пасквелија", романите "Сребрените снегови", "Големата вода", драмите "Кенгурски скок", "Макавејски празници" и други, му обезбедија вредно место во современата македонска литература |
|
Флеш Вести
|
|
Недела, 10 Август 2008 20:09 |
|
На денешен во 1987 во Охрид умре Живко Чинго, истакнат македонски прозаист и драмски писател. Неговите збирки раскази "Пасквелија", "Нова Пасквелија", романите "Сребрените снегови", "Големата вода", драмите "Кенгурски скок", "Макавејски празници" и други, му обезбедија едно од врвните места во современата македонска проза и драмска литература.
|
|
Повеќе...
|
|
Флеш Вести
|
|
Петок, 08 Август 2008 10:52 |
|
Будење" од авторот под шифра "Осветлувач" е единствениот награден на конкурсот што го распиша Општина Охрид по повод годишнината од смртта на истакнатиот македонски писател, Живко Чинго. Паричната награда на добитникот во висина од 30 илјади денари ќе му биде доделена на авторот на традиционалната манифестација "Вечер на Живко Чинго" што ќе с еодржи на 13 август во Велгошти.
рече денеска на прес-конференција претседателот на жирито, Славе Ѓорго Димоски.  |
|
Флеш Вести
|
|
Четврток, 07 Август 2008 14:05 |
|
Православните христијани утре и задутре ќе одбележат два големи летни празници. На 7 август 2008 година (четврток) – вечерта, по повод празникот на „Св. преподобна маченичка Параскева Римска (Св. Петка)“ во манастириот „Света Петка“ – Велгошти, со почеток во 19 часот, ќе се служи празнична вечерна богослужба.
На 8 август 2008 година (петок), во манастирот „Света Петка“, Велгошти, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Св. преподобна маченичка Параскева Римска (Св. Петка)“, со почеток во 8.45 часот, на која ќе чиноначалствува неговото високо преосвештенство митрополитот Плаошки и Дебарско-кичевски г. Тимотеј, со повеќемина свештенослужители. Ден по свеченостите посветени на Света Петка, ќе започне одбележувањето на празникот на "Свети Климент Охридски Чудотворец и Светиот великомаченик Пантелејмон", на кој охриѓани му посветуваат посебен пиетет. Празничната вечерна богослужба посветена на Патронот на Охрид- Светиот Климент ќе се одржи во Манастирот на Плаошник утре во 19 часот, а со неа ќе чиноначалствува Митрополитот Тимотеј.  |
|
Флеш Вести
|
|
Среда, 30 Јули 2008 16:19 |
Националниот празник Илинден во Охрид ќе биде одбележан со бројни манифестации и настани. Централната прослава годинава ќе се одржи во Велгошти. Празничната манифестација ќе почне на 1 август во 20:30 часот пред споменикот на илинденските борци, на кој ќе биде положено цвеќе, а за вечерта е предвиден и настап на КУД „Илинден“ од Велгошти.
В сабота на 2 август во 9 часот ќе биде положено цвеќе на спомен обележјата на паднатите борци во Градскиот парк, на градските горбишта и на споменикот кај Пентов мост.
Свеченост по повод Илинден ќе се одржи и во селото Плаќе. На 2 август во чест на 105 годишнината од Илинденското востание во црквата „Свети Илија“ ќе се одржи богата културна програма, како и интересна претстава на импровизиран напад на комити врз селото.
|
|
|
Флеш Вести
|
|
Вторник, 29 Јули 2008 12:13 |
Градоначалникот Александар Петрески, преку сопственото советничко мнозинство, на најгруб начин, без никаква објективна причина, ги смени претставниците во училишните одбори во средните општински училишта, на вчерашната седница на Советот на општината. И тоа токму во фаза кога во Гимназијата од страна на Училишниот одбор е формирана конкурсна комисија и распишан оглас за избор на нов директор поради истекот на мандатот на сегашниот! Ваквата постапка Петрески ја оправда како резултат на мошне лошата состојба во тие училишта, со хаосот и голема недисциплина на часовите. Му требала ваква одлука зошто со своите ингеренции не можел ништо да стори!Наместо да побара одговрност од самите директори, за што има надлежност, Петрески ја пронајде одговорноста таму каде што не и е местото, во училишните одбори. Наместо директорите соодветно да преземат мерки за кои единствено самите се надлежни и да поднесат извештаи до училишните одбори и до Градоначалникот, па и да сносат последици вклучувајќи го нивното разрешување, Петрески мудро вината ја наоѓа кај членовите на училишните одбори, именувани од Советот! Тие биле пречка!!! Токму одговорниот однос на училишните одбори му пречи: не може да царува! Повеќе од јасна е целта на Александар Петрески: со контрола на училишните одбори како законски определен орган на управување, преку своја политичка инсталација да обезбеди целосно управување со училиштата. Старата, добра практика на функционерите на СДСМ, од една старна фрлање прашина во очите на јавноста а од друга страна спроведување на партиски директиви!Срамно е за оние три-четиринаесет советници кои му овозможија успех во таквата замисла! Уште повеќе за оние кои се декларираат како опозиција на Градоначалникот и тоа во услови кога дури и два-три советници од неговата коалиција се издигнаа над тесно-партиските интереси и не ја поддржаа оваа провидна игра.Но образованието е пресериозна дејност. Тоа е иднина на нашата иднина-иднина на нашите деца. Затоа не може и нема се туку-така да помине!ВМРО-ДПМНЕ го повикува Градоначалникот Александр Петрески, да престане со постојаните упади во институциите, органите и телата во рамките на локалната самоуправа заради остварување на тесно-партиските интереси.Граѓаните ја препознаваат ваквата практика кај функционерите на СДСМ и истата нема да ја толерираат,се вели во соопштението на Центарот за комуникации на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид. |
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 Следно > Крај >>
|
|
Страница 18 од 20 |