JoomlaWatch Stats 1.2.7 by Matej Koval

Кој е присутен

Има 25 гости присутни

Велгошти на Facebook


 
2S Studio

Velgosti..com Вести


Свети Великомаченик Димитрија
Флеш Вести
Недела, 08 Ноември 2009 22:24

Денеска е Митровден



Празникот Свети великомаченик Димитрије, спомен на смртта и страдање на големиот борец за христијанството, денеска ќе биде одбележан како голем празник на Македонската православна црква и слава на православните верници.
Повеќе...
 
СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ ВО ЧЕСТ НА 7-ми НОЕМВРИ
Флеш Вести
Петок, 06 Ноември 2009 20:13
Во присуство на бројни гости-грагани, преживеани учесници во НОВ и антифашистичката Револуција, претставници на јавни и општествени институции и организации, Советот на општината  одржа свечена седница во чест на 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на градот од фашистичката окупација и 65 годишнината слободен Охрид.
Повеќе...
 
Македонија го празнува Денот на револуционерната борба
Флеш Вести
Петок, 23 Октомври 2009 18:37

Македонија денес го прославува 23 Октомври - Денот на македонската револуционерната борба.Празникот се празнува по повод формирањето на македонската револуционерна организација во Солун.

Повеќе...
 
Две години без Тоше
Флеш Вести
Петок, 16 Октомври 2009 19:25

Света упокоена литургија утрово беше отслужена во црквата „Успение на Пресвета Богородица” во Крушево, за две години од трагичната смрт на музичката икона Тоше Проески.

Тага и болка во сеќавањата и утеха во спомените за Тоше бараат неговите најблиски,  крушевчани и сите  почитувачи, кои денеска се собраа на неговото вечно почивалиште на Гумење.Низ пламенот од свеќите, околу гробот на Тоше не се добројуваат пораките, желбите, сеќавањата и солзите за Тоше.

Повеќе...
 
Македонија одбележува 68 години од почетокот на антифашистичкото востание и НОВ
Флеш Вести
Недела, 11 Октомври 2009 18:27

Република Македонија денеска одбележува 68 години од почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната војна.

Со нападот на борците од Првиот прилепски партизански одред врз бугарскиот полициски участок и врз телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп на 11 октомври 1941 година беше означен почетокот на организираното востание на македонскиот народ против бугарскиот, италијанскиот и германскиот окупатор за конечно ослободување на земјата.

Повеќе...
 
Апел за помош за Бигорскиот манастир
Флеш Вести
Сабота, 03 Октомври 2009 06:09

 Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква  на  вонредна седница што се одржа во манастирот „Свети  Јован Бигорски“, на која присуствуваа архиепископот на МПЦ г.г. Стефан, владиците Кирил, Агатангел, Тимотеј, Климент, Петар и Наум, разговараше за состојбата по пожарот во манастирот, како и за помошта која му е потребна на монашкото братство.

Повеќе...
 
Голем пожар во манастирот „Св. Јован Бигорски“
Флеш Вести
Среда, 30 Септември 2009 16:53

Во големиот пожар што избувна утринава околу 4.30 часот во манастирот Св. Јован Бигорски целосно е уништен делот на старите конаци, но спасена е црквата.

Целосно се опожарени конаците, трпезаријата и библиотеката, но од полицијата информираат дека нема повредени. Монасите успеале да ги спасат од огнената стихија поважните предмети кои биле во опожарените објекти.

Пожарот кој го зафати манастирскиот комплекс Св. Јован Бигорски е локализиран околу 7 часот, а најверојатно започнал поради проблеми со електричните или плинските уреди во кујната.

Повеќе...
 
Иванов: Разговорите за името само за она што е предвидено со резолуциите на ОН
Флеш Вести
Петок, 25 Септември 2009 19:18
Македонија сака да го заземе заслуженото место во евроатлантската заедница и со помош на механизмите на ОН да се реши апсурдниот спор што го наметна Грција, кршејќи ги преземените меѓународни обврски, истакна претседателот Ѓорге Иванов во обраќањето пред 64.
Повеќе...
 
Македонија слави 18 години самостојност
Флеш Вести
Вторник, 08 Септември 2009 11:05

Република Македонија денеска одбележува 18 години од успешно спроведениот референдум на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава.

Убедливо мнозинство над 95 отсто од граѓаните што излегоа на референдумот на 8 септември 1991 година позитивно одговорија на референдумско прашање - Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Страница 6 од 20

Sobi vo Ohrid “В И Т А С П Р И Н Г” macedonia-news.info Ohrid Info DON

Site Meter