JoomlaWatch Stats 1.2.7 by Matej Koval

Кој е присутен

Има 29 гости присутни

Велгошти на Facebook


 
2S Studio

Velgosti..com Вести


Најголема бродска несреќа во Македонија
Флеш Вести
Сабота, 05 Септември 2009 14:12

Потона патнички брод во Охридско езеро, бројот на загинатите постојано се зголемува. Спасувачките екипи се уште работат на извлекување на жртвите. Според официјални информации од МВР потврдена е смртта за 15 лица, едно од нив починало во болница, по тројца се трага не се знае дали се качиле или не на бродот.

Повеќе...
 
Колумна :Џими
Флеш Вести
Недела, 16 Август 2009 09:42

Капачкава сезона е некако приркај. Ама брееееееее шо беше во Охрид за Илинден. По, по, по гости. Мравјалник. Досега се соземав. Зато не пишав првите деној. Шашардисан бев. Уплашен. Како трудна на гинеколочки прегелед. Ам ова го немав видено во живо. Ар шо ти Кокаба....Копака...Покака...Не е важно.  Важно...шо. Ова, нааа. Убајна. Абре шеташ по плажине и немојш да шеташ. Од на плажа си идаш како од Нов Зеланд. Четири сати. Убајна. Не се врвеше од туристи. Постелени по песоцине ко плашици.

Повеќе...
 
ПОЧИТ КОН ДЕЛОТО НА ЖИВКО ЧИНГО
Флеш Вести
Сабота, 15 Август 2009 17:05

Aтарот на манастирот „Света Петка“ заживеа од мноштво народ, од луге – почитувачи на Живко Чинго и неговото бесмртно дело. За одбележување е дека мноштвото народ на платото под манастирот, каде што е и споменикот на писателот, само по себе потврди дека манифестацијата која се организира за чествување на Чинго, се потврдува се’ повеке како културен настан со големо значење.

Повеќе...
 
ЧЕСТВУВАЊЕ ЗА АВТОРОТ НА „ПАСКВЕЛИЈА“
Флеш Вести
Четврток, 13 Август 2009 20:26

Денеска,во организација на Локалната самоуправа и МЗ на Велгошти, родното село на писателот, по 22 пат ке се чествува делото на роднокрајниот писател Живко Чинго.
Манифестацијата ке започне во 20 часот со полагање цвеќе на споменикот на писателот. Свое обраќање ке има градоначалникот Петрески, а за делото на Живко Чинго ќе беседи претседателот на годенешното издание на манифестација, книжевниот критичар проф.д-р Иван Џепароски.

Повеќе...
 
Вечер на Живко Чинго
Флеш Вести
Недела, 09 Август 2009 18:40

Традиционалната културна манифестација „Вечер на Чинго“ која се одржува во Велгошти, родното село на писателот, во знак на одбележување на делото и сеќавање на еден од најзнаменитите македонски уметници на пишуваниот збор, ја организира локалната самоуправа во соработка со МЗ на Велгошти за да се одбележи денот на смртта на Живко Чинго.

Повеќе...
 
Света Петка
Флеш Вести
Сабота, 08 Август 2009 20:38

Св. Петка (позната и како Св. Параскева) е родена во градот Епиват, меѓу Силинаврија и Цариград. Родителите ѝ биле богати христијани, а освен Петка имале и еден син, Ефтимиј, кој за време на животот се замонашил и подоцна станал угледен епископ Малитски.

 Православните христијани денеска го одбележуваат празникот посветен на Света преподобна Параскева (Св. Петка).

Повеќе...
 
НАГРАДАТА „ЖИВКО ЧИНГО“ ЗА РАСКАЗОТ СО НАСЛОВ „СЛОВО ГОРКО, СЛОВО ЖАЛОСНО“
Флеш Вести
Сабота, 08 Август 2009 19:48

Годинешната награда „Живко Чинго“ за најдобар кус расказ на конкурсот што го распиша општина Охрид цо рамки на манифестацијата „Вечер на Чинго“ е расказот под наслов „Слово горко, слово жалосно“ под шифра „Лицем светци, срцем волци“.
Ова е одлуката на жири комисијата чиј претсетадел е книжевниот критичар Иван Џепароски, а членови книжевниот критичар Кристина Николоска и писателот Славе Ѓорго Димоски.

Повеќе...
 
На прес – средба ќе ја соопшти одлуката за избраниот најдобар расказ
Флеш Вести
Четврток, 06 Август 2009 18:58

ImageНа прес – средба што ке се одржи   во зградата на Општината, жири комисијата за избор на најдобар расказ на конкурсот што го распишува општина Охрид по повод културната манифестација „Вечер на Чинго“, ќе ја соопшти одлуката за избраниот најдобар расказ мегу трудовите што беа пристигнати на конкурсот.

Повеќе...
 
Започна празнувањето на Илинден 2009
Флеш Вести
Недела, 02 Август 2009 18:30

Синиќа пред споменикот на илинденските борци во Велгошти во 20 часот и 30 минути свечено обраќање имаше градоначалникот на Охрид, Александар Петрески,кој го истакана значењето на Големиот Илинден за Македонскиот народ.

Делегација на општина Охрид ,делегација од боречката организација,како и делегации на политички партии положија свежо цвеке пред споменикот на илинденски борци.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Страница 7 од 20

Sobi vo Ohrid “В И Т А С П Р И Н Г” macedonia-news.info Ohrid Info DON

Site Meter