Кој е присутен
Има 26 гости присутниАктивност на Форумот
-
Фудбал 2010 (1)
07/20/2010 16:43 -
Нов претседател на М.К.Вмро Дпмне Велгошти
07/08/2010 14:09 -
Игор Бежаноски Валандово 2010
06/27/2010 13:19
| ОХРИД СО ЧЕСТИТКИ ЗА ЃОКО ТАНЕСКИ |
| Флеш Вести | |||
| Недела, 21 Февруари 2010 22:41 | |||
|
Охриѓанецот, познатиот и афирмиран музички интерпретатор, Ѓоко Танески, ќе ја претставува Македонија на годинешниот избор за најдобра евровизиска песна „Евросонг 2010“ што ке се одри во главниот град на Кралството Норвешка – Осло. „Чувствувам лично задоволство, а верувам дека ја споделувам гордоста на сите наши сограѓани, од твојата победа и успехот да ја претставуваш нашата земја на престижниот натпревар во Осло. Твојот успех претставува успех и гордост за целиот Охрид, бидејки со твојот настап на најдобар начин ќе се афирмира и нашиот град. Имајки предвид дека музиката нема граници и најдобро ги поврзува народите, токму „Евросонг“ е можноста да се чуе повторно за Македонија и Охрид. Охрид е горд што се грижи за своите талентирани сограгани и заради фактот што во твојот бенд настапи и младиот Дамјан Пејчиноски кој одушеви со своето музицирање на гитара. Локалната самоуправа и јас како Градоначалник токму нему му помогнавме кога се стекна со светска слава на светскиот натпревар на гитаристи што се одржа лани во Лондон. Честитам, се гордееме и уверуваме дека секој наш сограганин кој го афирмира Охрид, ја има и ќе ја има мојата поддршка и помош. На тој начин, вие со својот талент, а ние со сесрдна поддршка, потврдуваме, заедно, дека овој град е град на духовно богати граѓани, успешни и талентирани млади и со право е вистински презентент на Македонија во светот во многу области, посебно музиката. Ти честитам за победата и ти посакувам натамошна успешна кариера.<
|
20°C 









