Споменици на културата (цркви и манастири)
Света Петка
На падините на ридот ,"Олмец" се наоѓа манастирот
Света Петка. На средната страна од надворешниот дел на петтостраната
апида е забележан следниот запис: "Света Петка. Изградена
по повелба на цар султан Абдул Хамид.Помош на народот во времето
на игуменот Наум Илиев. Во лето 1890 22мај".
Света Петка е едноброда базилика со две куполи.Иконостасот
е нов, но има икони што се регистрирани како споменици на
културата при Републицкиот завод за застита на спомениците
,меѓу кои е Богородица со Христа. Има киват од 1833 год. Под
сегашната црква има остатоци од малтер на пештерска црква.
Црквата е проширена во 1922 год.за време на свештеникот од
с.Велгошти Алексо Шокароски.Името на монахинјата Параскева
,односно Петка,на Балканот се појавило на кралот на Х и поцетокот
на ХI век.Св.Петка (Параскева) е позната со својата чудотворна
моќ за леченје на тешки заболуванја.
За градбата на манастирот Света петка има легенда вокоја се
вели дека Велгоштани почнале да и градат црква во знак на
благодарност кон светицата за добрите дела .Градбата почнала
во близина на селото .Изграденото ноќта Света Петка го разурнала
. Тоа се повторило и вториот ден ,па мајсторите третиот ден
поставиле стража. На мајсторите им рекла дека ја урива градбата
зошто тука не сака да и градат црква туку на местото каде
што сега се наоѓа.
Св.Петка Некогаш
Св. Петка Денес
Св. Илија
Свети Илија На околу еден километар североисточно од Велгошти
на една висорамнина се наоѓа манастирот Свети Илија. Над вратата
од внатрешната страна на црквата се наоѓа следниов запис:
"По иницијатива на покојнија Алексо Стефанов Шокаров од селото
Велгоштe подигнат је овај храм во 1937 год. а по иницијатива
на сегашнија енориски свештеник од селото Велгоште Леонид
Јованов Трпенов изработени се : иконостасот живописот на иконостасот
и живописот на црковниот зид во 1946 година.
Црквата е обновена во 1970 год. со помош на населението на
Велгошти а по иницијатива на црковниот одбор : игумен Исак
Смаќоски и црковен благајник Славе Буџакоски.Манастирот е
изграден врз темелите на една постара црква,која ја имала
скоро истата големина ,а две икони (северната и јужната врата),
фреската "Вознесение Христово" и ликот на свети Илија над
вратата пред влезот се од Ѓорѓи Крстески.Црквата свети Илија
се отвара двапати годишно на Ѓурѓовден и на Илинден.На двата
празника се врши богослужба одвечер и дента. На Ѓурѓовден
доаѓаат Велгоштани , а на Илинден на излет доаѓаат и од околните
места.Од Св.Илија Охрид се гледа како на дланка , и моментално
е едно од најомилените излетнички места на Велгоштани.
Свети Kлимент (Сети Пантелемон)
Црквата во село Велгошти е позната под две имиња : Свети Пантелемон
и Свети Климент. Првото поретко се употребува , а популарно
е второто име.Таа е изградена во 1872 год.а преставува тробродна
базилика. Има полукружна апсида.Внатрешниот дел на покривот
е сводест.Целиот иконостас е споменик на културата. Во црквата
се наоѓа следниов запис: Живописот е изработен во 1944 година
од Коста К. Иванов иконописец од с. Тресонце , Дебарско,за
време на инорискиот свештеник Леонит Ив. Трпенов со милоста
божја . Мат.помош благочест на Христа од с. Велгошти,,
Свети Димитрија
Околу 500 метри југоисточно од центарот на Велгошти е месноста
"Свети Димитрија" Таму некогаш имало црква посветена на светецот
Димитрија. Поради тоа на тоа место во поново време е изградена
минијатурна капела. На Митровден Велгоштани и Охриѓани ја
посетуваат палат свеќи и носат подароци.
Во Велгошти има уште многу цркви и црквички:
Света Недела ,Свети Никола...