Свети Илија

Свети Илија На околу еден километар североисточно од Велгошти на една висорамнина се наоѓа манастирот Свети Илија. Над вратата од внатрешната страна на црквата се наоѓа следниов запис: “По иницијатива на покојнија Алексо Стефанов Шокаров од селото Велгоштe подигнат је овај храм во 1937 год. а по иницијатива на сегашнија енориски свештеник од селото Велгоште Леонид Јованов Трпенов изработени се : иконостасот живописот на иконостасот и живописот на црковниот зид во 1946 година.sveti Ilija

Црквата е обновена во 1970 год. со помош на населението на Велгошти а по иницијатива на црковниот одбор : игумен Исак Смаќоски и црковен благајник Славе Буџакоски.

image

Foto Kliment K.Batunkov

Манастирот е изграден врз темелите на една постара црква,која ја имала скоро истата големина ,а две икони (северната и јужната врата), фреската “Вознесение Христово” и ликот на свети Илија над вратата пред влезот се од Ѓорѓи Крстески.Црквата свети Илија се отвара двапати годишно на Ѓурѓовден и на Илинден.На двата празника се врши богослужба одвечер и дента. На Ѓурѓовден доаѓаат Велгоштани , а на Илинден на излет доаѓаат и од околните места.Од Св.Илија Охрид се гледа како на дланка , и моментално е едно од најомилените излетнички места на Велгоштани.