Свети Климент или помалку користеното Свети Пантелејмон е главната селска црква во охридското село Велгошти. Таа воедно е и главна парохоска црква на Велошката патохија. Црквата е изградена во 1872 година. Делумно фрескоживописана е во 1944 година од страна на зографот Коста Иванов од Тресонче, а останатите делови во 1982 година, од страна на уметникот Марјан Ристески од село Велгошти. Црквата преставува тробродна базилика. Има полукружна апсида. Внатрешниот дел на покривот е сводест. Целиот иконостас е споменик на културата. Во црквата се наоѓа следниов запис:

  • „Живописот е изработен во 1944 година од Коста К. Иванов иконописец од с. Тресонце , Дебарско,за време на инорискиот свештеник Леонит Ив. Трпенов со милоста божја . Мат.помош благочест на Христа од с. Велгошти“