Category: Спорт

Првите спортови во Велгошти имаат изразит народен карактер.Тие се одржувале при вршење на работа или при одмор од неа .Меѓу таквите игри спаѓаат:борење,
ѕулана,кутана, фрлање камен во далечина,скокање токмунозе,скокање со залет,котка,бинек,џигра и друго.
Овчарите спроведувале и борба со овни .Особено била развиена и борбата со бикови(волови).Секоја година се прогласувал победник во борење на волови,добивајки ја народната титула ,,Појлач, за таа година.Меѓу коњите,пак ,се избирал најбрз коњ и коњ-раванлија.
ФУДБАЛОТ во Велгошти е присутен од пред Втората светска војна.Првата фудбалска топка ја донесол Сандре Размоски.Првиот фудбалски натпревал се одиграл со тимот од с.Белчишта во 1946 год. во Велгошти.Судел судијата Стамен Шокароски.Бидеќи врнело судијата бил со чадор.На натпреварот победил тимот на Велгошти со 6:4.Се до1971 год. тимот бил активен но не бил регистриран.Официјално фк се оформил 7.10.1971 год.и на 18.10.1971 год.бил регистриран во Општинскиот фудбалски сојуз.Тогаш и официјално е започнат легендарниот Ф К ,,Илинден 1903,,Од1977 год. ФК бил во првата фудбалска лига Охрид .И тука борбата за прво место е преокупација.Особено карактеристична и драматична е сезоната 1978/79год.Последното коло требало да го даде првакот: ,,Илинден 903та ,, или ,,Дебрца 43,,од Белчишта.Велгошти било сигурно зошто го совладало ,,Младост ,,од с. Вапила,но опасноста била од Долнолакочеревци да не им дозволат на Белчиштани да постигнат поголемна гол-разлика.Во трката за поголема гол-разлика биле направени сите преговори и договарања,се обезбедила современа врска за информирање за обостраните резултати,бидејќи двата натпревари се одигрувале истовремено.ФК,,Дебрца43,, го победи ФК ,,Градинар,, од Д.Лакучереј со 88:0 ,но ФК,,Илинден 903ta,,го совлада ФК ,,Младост,,со134:1 и влезе во Гинисовата Книга на рекорди.

Ф.К. “Илинден 903та” во 1979 Год

Денеска во Велгошти не постои официјален ФК не постои и старото фудбалско игралиште. На местото на игралиштето започната е нова спорска сала ,а фудбалот се игра на терените за мал фудбал. Во последниве години во Велгошти започна и турнир во мал фудбал (се одржува за време на летото)и има тенденции да постане еден од најјаките турнири во Охрид и пошироко .