:: Почеток :: Историја :: Споменици :: Култура :: Спорт :: Галерија :: Уметници :: Форум :: Контакт :: Е-Пошта ::

 

Живко Чинго
Живко Чинго раскажувач , романсиер, драмски писател роден е на 13 август 1935 год. во Велгошти , умрел на 11 август 1987 год. во Охрид. Завршил Филозофски факултет во Скопје, извесно време работел како професор по литература во гимназија во Охрид, а потоа во Скопје работел во "Студентски збор", "Млад борец", Радио-телевизија Скопје, во Центарот за политички студии во Скопје и во Републичкиот комитет за култура. Бил директор на Македонскиот народен театар. Член на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) од 1963 година. 
Во македонската литература Чинго влегува кон крајот на пеесетите години на XX век. Уште во своите први раскази објавени во периодиката тој го свртува кон себеси вниманието на книжевната јавност.
Првата збирка раскази Пасквелија, издадена во 1961 година, била дочекана како литературно откровение. Таа навестува голем мајстор на расказот, еден од водечките имиња на оваа раскажувачка форма. Неколку години подоцна, 1965 година, овој автор ја објавува и втората книга раскази Нова Пасквелија, која го повторува големиот успех на првата книга. Во 1966 година Чинго го објавува романот за деца Сребрени снегови, а во 1971 година и својот втор роман Големата вода (по која е снимен и истоимениот филм вo 2004 god.). Книгата раскази Вљубен дух, овој автор ја објави во 1976 година, на српскохрватски јазик.
Сите овие пет прозни дела, го сочинуваат јадрото на неговото творештво и го потврдуваат Чинго како автор со својствен раскажувачки свет, исклучителен по својата оригиналност, едноставност, со својата поетичност и непосредност, со својата раскажувачка драматика. Неговото творештво е високо вреднувано од македонската и југословенската критика, а неговите дела се преведувани на: српскохрватски, словенечки, албански, руски, полски, француски, унгарски и германски. Денес името Живко Чинго го носат повеќе институци во Република Македонија како и Основното Училиште во Велгошти „ОУ Живко Чинго“ .

Отсечок од филмот "Големата вода" "The Great Water"
Ристо Шапкар
Ристо Шапкар е роден во 1930 година во Велгошти. Основно училиште завршил во родното село ,индустриско училиште со практична обука, техничко училиште и ВПШ (група математика и физика) во Скопје, а факултет за политички науки во Белград
Досега Ристо Шапкар има работено како учител, наставник, просветен цоветник, секретар на ОПК на СКМ, а во 1982 година е директор на фабриката „Херој Тоза Драговиќ“ – Охрид. Носител е на повеќе јавни признанија и награди на Стопанската комора на тогашна СРМ во областа на здружениот труд за 1980/81 година.
Во уметноста Шапкар прави прилог со уметничката фотографија. Има учествувано на изложби на уметничка фотографија и на изложби на техтилци и металци од бифша Југославија на повеќе места, меѓу кои во : Охрид, Струга, Кавадарци, Смедеревска Паланка, Белград, Пиран, Крагуевац и на други места.На изложбата на аматерите на Југославија во 1981 година бил добитник на „Југославијо , тоа што останува е човекот“. Отто Бихаљин Мартин приготвува книга за наивниот сликат Вангел Наумоски, и Ристо Шапкар ќе учествува во нејзиното изготвување. Автор на фотографии е и на календари на повеќе години. Ристо Шапкар има чуство за природата, за бојата и формата. Ги доловува волшебностите, феномените на природата во која живее и делува. И во последно време , како што истакнува и Живадин Ѓорѓевиќ, „не му било тешко место карабин да го употреби објективот“. Уметничките вредности на фотографијата од Ристо Шапкар биле предмет на оценување и на Отто Бихаљин Мартин, Томе Момироски и други, а Живко Јаневски синтезира : „Неговите фотографии се неоптоварени од преубедување, правени се со чист, обичај,топол приод, онака како што се зема секојдневието и блиските, вечноста на пејсажот, човекот во сите негови метаморфози и неповторливости на прирдата, едноставно, бил свидетел на негибнати реки, праисконски пејсажи, деца во игра, луѓе во нивната околина и не се стеснувал тоа да го регистрира, го видел и го оттргнал од заборавот. Тој, едноставно, дете на природата, почуствувал потреба, нашол средство и го прикажал светот во кој живее, без предрасуди и остварувања од големите имиња на фотографијата “.
Светлана Христова- Јоциќ
Светлана Христова- Јоциќ по татко (Косте Китаноски) е од Велгошти. Родена е во ресен. Основно образование завршила во Охрид , учителска школа во Битола, филозофски факултет (педагогија со Југословенска литература) во Скопје.
Како учителка работела во селата : Врбјани, Волино, Мешеишта и Требеништа, сите во Охридско. Клинички педагог била детската клиника во Скопје, и сега е новинар (1982) во образовната емисија на Радио Скопје.
Досега има објавено три стихозборки за восрасни („Калесница“, 1970; „Скршен Ковчег“, 1974 и „Сињо“, 1980, сите во „Македонска книга“ – Скопје) и една стихозборка за деца („Алка за нишалка“ , 1981, Скопје). Нејзин е преводот на антологијата на усната светска поезија „На душа стам“ (1982). Избор на нејзината поезија е објавен на српскохрватски јазик во издание на „Багдала“ – Крушевац, 1972 година. Член е на Друштвото на писатели на Македонија.
Стојан Милошески
Стојан Милошески е роден 1927 година. Во родното село завршил основно училиште, а потоа со макотрпие и туѓоработништво живее во Охрид. Учесник е во НОБ. По ослободувањето завршил гимназија за офицери во Сењ, виша социјална школа, по Филизофскиот факилтет (група педагогија) во Скопје. Подолго време работел во градската библиотека „Григор Прличев“, извесно време бил професор во Гимназијата „Климент Охридски“ идесетина години бил во Центарот за социјални грижи – Охрид. Се пензионирал во 1977
Во клубот на младите писатели од Охрид Стојан Милошески е еден од првите членови , а извесно време е и негов преседател . Автор е на многу раскази , на драмите: „Меџудовата свадба“ , (во 4 чина и 7 слики), „Крвта на го распалува огнот“ (4 чина), „Глас од визбата“ , „Зетови и невести“ и на трите романи : „Неисполнети ветувања“ , социјален (261 страница машинопис), И тоа се случи (351 страница машинопис) и „Законот е на моја страна“ (293 страница машинопис).
Досега му се издадени дтамите : „Меџудовата свадба“ во 1958 година ( во чие реализирање учествивале Владо Шурбаноски и Јован Кокалески) и „Крвта на го распалува огнот“ , во 1959 година, за која на фестивалот на драмата на КПЗ на Охридската околија во 1959 година ја доби и првата награда. Од расказите му се објавени : „Бугарката Бојана“ , „Мединовата освета“ (двата словенечки јазик) и „Шарка“ (расказ за деца). Другото творештво це наоѓа во неговата збирка. Причината за тоа е неговиот строг однос кон напишаното и болеста што не му дозволува движење. За обелоденување на прилично обемниот опус на Стојан Милошески е потребна подршка грижа и заземање.
Радомир Латкоски
Радомир Латкоски е роден 1938 година во Охрид, каде што таткому се преселил од Велгошти. Во охрид завршил основно образование , учителска школа во Битола и ПА во Штип.
Работел како учител во с. Житињани, Дебарско, с. Љубаништа, Охридско, наставник во с .Ѓавато, Битолоско, просветен советник бил во Заводот за школство во Штип, новинар на повеќе места, асега е во Редакцијата за култура, образование и уметност при Радио-Скопје (1982 година кога е издадена книгата за Велгошти)
Има објавено дваесетина раскази за деца. Цел еден циклус на раскази е со наслов „За децата под Пертино”, а „На каменот земја на земјата леб” е расказ за Пертинскиот чај и за неговата вредност во повоениот период.
Има предложено за објавивање збирка на раскази под наслов „Приказни од првата полица на срцето”. Во неа ке се најдат расказите што досега ги има објавено во периодиката и што се наградувани на анонимни конкурси. Меѓу нив ке се најдат и следните „Лебарка”, „Монолог меѓу две езера”, „Под Петрино пред умирачка” и др. На Фестивалот „Златно славејче” се пеанинеговите две песни: „Празнична” и „Имам братче малечко”.
Марјан Ристески
Познат Сликар од Велгошти. Роден е во Велгошти во 1971 Год. Основно образование завршил во Велгошти , а средно образование завршил во Е.М.У.Ц. во Охрид . Својот неверојатен уметнички талент го открива за време на школувањето во Е.М.У.Ц. За време и по завршувањето на Електромашонското училиште започнал да се занимава со сликартсво и станал познат во Охрид и околината по извонредната реставрација на иконостасот во Црквите. Го реставрирал иконостасот во Црквата Св. Петка во Велгошти и во многу други цркви во Охрид и околината. .....

Иконостасот во Св. Петка.

Изработено од Марјан Ристески

Васко Митрески
Роден е 1972 година во Велгошти. Моментално е апсолвент на Медицинскиот факултет во Скопје
Со сликарство се занимава од 1996 година а досега има една самостојна изложба
Неговите слики се изработени во Компјутерска Графика.

Адреса:

Васко Митрески
с. Велгошти 96
6000 Охрид

Tел. ++46-288-415

E-mail: mitreski@themail.com

  Компјутерска Графика
Компјутерска Графика
Компјутерска Графика
Оди горе