Владимир Шокаровски

Владимир Ѓ. Шокаровски Шокар е роден во Охрид на 14. 08. 1989 година, татко Ѓоко и мајка Лидија. Основно образование завршил во ОУ „ Живко Чинго“ во Велгошти, а средно образование во ОЕМУЦ „ Св. Наум Охридски“ во Охрид. Своето образование го продолжува на Факултетот за електротехника и информациски технологии, при Универзитетот „ Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Покрај своите обврски и други интереси, тој се занимава и со слободна уметност. Својот талент, кој го наследил од своите родители, го открива уште во основното училште. Почнал да го развива работејќи на него со својот предметен наставник Љубен Цветкоски. Во своето училиште добил повеќе ликовни награди, меѓувремено учествувајќи на повеќе групни детски ликовни изложби. Така во летото 2003 година учествува и на детската ликовна колонија

 

„ Македонски зограф“, на темата „ Би Илинден, Би Македонија, 1903, 1944, 1991“ изведена во Крушево по повод 100 годишнината од Илинденското востание. И во средното училиште продолжува да работи на својот талент со помош на професорката Цветанка Пљакоска. Во 2005 година награден е со втора Климентова награда на град Охрид, за својата уметничка творба со која учествува на конкурсот објавен за ученички ликовни творби, а по повод патрониот празник на градот 8 Декември. И понатака учествува на ликовни конкурси каде што освојува и други награди. Развивајќи го својот талент, со помош на познатиот велгошки зограф Марјан Ристески, навлегува во тајните на зографскиот занает. Од 2005 година исто така се занимава и со изработка и изведба на украсни фонтани, во Велгошти и околинат, а исто така е автор и изведувач и на фонтаната кај манастирот „ Св. преп. вмч. Параскева –Петка“ , во месец јули 2009 година. Исто така,следејќи го техничкиот и компјутерскиот развој, почнал да се занимава и со графички дизајн и монтажа.