Гордана Силјановска-Давкова во посета на манастирот Св. Петка (фото)

Претседателската кандидатка, Гордана Силјановска-Давкова оствари средба со граѓаните на Велгошти.

Силјановска го посети манастирот Св. Петка во Велгошти каде се сретна со локалното население и службата на манастирот.

„Мора заедно да се охрабриме и да се бориме против ненародната влада која покажува негрижа за сопствените граѓани во сите сфери. Ветувам дека како претседателка ќе се залагам за истакнување на сите проблеми со кои се соочуваат граѓаните и дека секогаш ќе бидам на страната на народот“, рече Силјановска

 

Силјановска беше придружувана од кандидатот за градоначалник на Охрид, Митре Милошевски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, како и членот на ИК, Кирил Пецаков…

 

 




Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *