Две лица од Велгошти физички нападнале лице од нивното село

Од СВР Охрид информираат дека на 26-ти септември, во 19.45 часот на улицата „Рашанец“ во охридското село Лескоец, нарушен бил јавниот ред и мир во кое две лица од селото Велгошти, физички нападнале 35-годишно лице од истото село.

портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

По кратка меѓусебна расправија, двајцата почнале да го удираат лицето со тупаници по главата и телото по што, со автомобил заминале од местото на настанот.

Од ударите напднатото лице се здобило со видливи повреди, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

СВР Охрид презема мерки за расчистување на случајот.

 

Извор : OhridNews




Напишете коментар