Одреден е притвор за Исамедин Камберов од Охрид за убиството на Благуна Петкоска од Велгошти

Министерството за внатрешни работи информира дека го расчистило убиството извршено врз Благуна Петкоска (47) во нејзината куќа на улицата „Илинденска“ во  Велгошти, а на осомничениот Исамедин Камберов (62) од Охрид му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

„Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „убиство“, СВР Охрид до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против И.К. (62) кој живее во Охрид.

Пријавениот, казненото дело го сторил во периодот од 29.08 до 31.08. 2018 година во куќа на улицата „Илинденска“ во Велгошти , сопственост нa Благуна Петкоска .(47) од Охрид, со постојано место на живеење во селото Велгошти.

По преземени мерки и актовности, на 31.08.2018 година во 21 часот, И.К. е пронајден во куќа во Струга и лишен
од слобода, а од стана на судот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена“, соопшти МВР.




Напишете коментар