Приведен осомничен за убиството на жена во Велгошти

Охриѓанец е приведен во петокот вечерта во Струга,  во врска со убиството на жената во Велгошти информираа  од Минитерството за внатрешни работи.

Во текот на вчерашниот ден во 16:37 часот во Полициската станица Охрид пријавено е казнено дело „убиство“ извршено врз Б.П. (47) во нејзината куќа на улицата „Илинденска“ во охридското село Велгошти, информираат од МВР.

На местото на настанот, извршен е криминалистичко-технички увид предводен од Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид како и полициски екипи од СВР Охрид. По преземени мерки, синоќа во 21 часот во Струга приведено и лишено од слобода е едно лице од Охрид по што, во консултација со Јавен обвинител ќе бидат преземени понатамошни мерки за целосно расветлување на случајот.

По наредба на Јавен обвинител, врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција.

Првичните информации укажуваат на свирепо убиство поради тоа што жената, инаку мајка на две малолетни деца, била пронајдена мртва со најлонска вреќа врз главата.

извор: www.mkdnews.com

Детали за убиството во Велгошти: Мајката на двете малолетни деца била пронајдена со најлонска вреќа на главата




Напишете коментар