Фотовалтични панели ќе штедат струја во О.У. Живко Чинго – Велгошти

Првата фотовалтична централа во охридските улилишта и јавни објекти од вчера се поставува на кровот на О.У.  Живко Чинго Велгошти.

Се работи за мали централи кои сончевата енергија ја претвораат во електрична и се со моќност од 15 киловат часови.

Исти такви ќе се постават и во училиштето во Пештани и на кровот на општина Охрид па и овие институции ќе почнат да произведуваат електрична енергија за свои потреби.

Средствата за овој процес со кој треба полека да се преминува кон обновливи видови енергија и енергетска независност се обезбедени од грант на Владата на Македонија по лобирање на в.д. градоначалникот Константин Геориески.

Извор: ohrid1.com




Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *