Безживотно тело  на жена е пронајдено попладнево во куќа во Велгошти, информира СВР Охрид. Засега не се соопштуваат други детали за случајот.

Неофицијално се работи за Благуна П. од Велгошти.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан  Димоски ја потврди информацијата за случајот, со кусо појаснување дека полициски екипи во присуство на јавен обвинител вршат увид на лице место, без притоа да се даде поединости околу идентитетот на лицето ниту за причините за настапувањето на смртта.

Првичните информации укажуваат на убиство оттаму што жената, инаку мајка на две малолетни деца, била пронајдена мртва со најлонска вреќа врз главата.

 

Брутално убиство во Велгошти, убиена мајка на две деца