По повод  празникот Св.Петка, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски присуствуваше на турнир во  Велгошти кој се организира секоја година за празникот.

Посетата на Велгошти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ја искористи и да запали свеќа во манастирот „Св.Петка“ во чии рамки се наоѓа и собата каде војводата Христо Узунов ја формирал првата чета во Охрид.

Со Мицкоски, во посета на Велгошти, беа и членот на ИК на партијата од Охрид Кирил Пецаков, претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Донев, Илија Арнаудовски и Тони Менкиноски, претседател на партиската правна комисија.