По повод 105 години од Охридското востание делегации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид и МК Велгошти положија свежо цвеќе пред спомен-обележјето на стреланите востаници во виорот на Востание во 1913 година од страна на окупаторот, во организација на Месната заедница од Велгошти.

Охридското востание е вооружен бунт со кој македонскиот народ се спротивставил на насилната поделба на Македонија, а идејата на востанието да го сврти вниманието на светската јавност за направената грешка со Букурешкиот мировен договор со кој Македонија е поделена помеѓу соседите.

„Секој беше уверен дека победата е на страната на народот, не само затоа што беше поброен од војската, туку и затоа што беше мотивиран и беше готов да се фрли во оган, макар и со празни раце.
Дебар ликуваше. Македонското знаме се развеваше на секој прозорец, а во Охрид навистина, целиот народ ликуваше. Собрани толпи на прозорците само чекаа да се јави некој од привремената влада или војводите, за да викне ура!“ – Петар Чаулев

Чествувањата се наш завет од предците, аманет за идните генарации и наш долг кон оние кои ги дале животите за македонската самобитност.