По повод одбележување на денот на стрелените Велгоштани во Охридското востание Месниот комитет на ВМРО-ДМПНЕ Велгошти и Месната заедница од Велгошти ве покануваат да присуствувате  на настанот утре во 12 часот кај споменикот кај варниците.

Охридско-дебарско востание (познато и како Охридско востание) избувнало во септември 1913 година, по завршувањето на Втората балканска војна, во Дебарско, Струшко и Охридско.

Било организирано од структурите на ВМРО на Тодор Александров и од локалните албански востаници, а било раководено од Петар Чаулев, Милан Матов, Павел Христов и Антон Шибаков.

По десетдневни борби со редовната српска војска востанието било задушено.

„На 7ми септември се собрале сите велгоштани, пред тоа бил направен пустош од страна на Српската жандармерија по задушувањето на Охридското востание, после тоа жандармеријата ги собрала сите мажи и жени во црквата Св.Климент. Потоа ги одделиле мажите од жените и ги собрале во охридскиот затвор. Тука се собрала петчлена комисија која разговарала што да се прави со тие мажи. Најпрво сакале да ги убијат сите мажи, но тогашниот претседател Ангелковиќ решил да се убие секој петти. ..