На 23.03.2019 година се одржа општинскиот натпревар по англиски јазик во организација на ELTAM на кој активно учество зедоа ученици од петто до деветто одделение како и ученици од втора година средно образование.

Ученичката Христина Шибаковска од V одделение од ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти под менторство на наставничката по англиски јазик Марија Мицеска освои III место со 94 бода (од можни 100), со што се пласира за учество на регионален натпревар.