Според соопштението на СВР – Охрид, несреќата се случила во 5:25 часот утрово на улицата Питу Гули“ кога Д.Ј. изгубил контрола врз возилото „Форд Мондео“ што го управувал, преминал на спротивната сообраќајна лента, излетал од коловозот и директно удрил во дрво.Неговата смрт на местото на сообраќајната незгода ја констатирал доктор од Службата за итна медицинска помош, чија екипа набрзо пристигнала на улицата „Питу Гули“.

На лице место на несреќата извршен е увид во присуство на јавен обвинител, овластен судски вештак и полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид.

По наредба на јавен обвинител, врз телото на сега починатиот ќе биде извршена обдукција како и дополнително техничко вештачење врз патничкиот автомобил за утврдување на околностите околу кои настанала незгодата.