По повод 4 март, роденденот на Тодор Александров, во салата која го носи неговото име во село Велгошти, по четврти пат, утре (3-ти март) ќе се одржи спортски ден.

Настанот ќе биде од натпреварувачки карактер. На него ќе учествуваат 300 ученици од сите основни училишта од општина Охрид, учениците од основните училишта од општина Дебрца, а годинава за прв пат ќе учествува и Приватното средно училиште „Јахја Кемал“, Струга.

Учениците ќе се натреваруваат во четири дисциплини (баскет, мал фудбал, пинг-понг, шах), а за најдобрите ќе бидат доделени награди.

Почетокот на натпреварите е закажан за 8:30 часот. Спортскиот ден е во организација на ОУ „Живко Чинго“, во соработка со Сојузот на училишен спорт.