Екипата на АСП-Пак се победиците на 16-то издание на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2019“. Во финалето АСП-Пак го совлада тимот на Хотел Престол на пенали 5-4 откако регуларниот дел заврши 2-2. Бронзениот медал на турнирот му припадна на Мате Маркет кој на пенали со 9-8 ја победија екипата на Сатеска Волино.

За најдобар фудбалер прогласен беше Даниел Ламбески од Хотел Престол, а наградата за најдобар голман замина во рацете на Оливер Митрески. Наградата за шампионот изнесуваше 60 000 денари На овогодишниот турнир специјални гости на финалниот ден беа групата Некс Тајм и Ѓоко Танески кој ја отпеја Македонската химна во живо.