Екипата на АСП Пак го освои златниот медал на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2016“ победувајќи го тимот на Кадмо после изведувањето на пеналите 4-3 (0-0) во финалето.

„Виолетовите“ втор пат се искачуваат на највисокото место на пиедесталот, откако прв пат победија во 2014 година.

Во финалето од 12-то издание на турнирот мрежите мируваа покрај големите возбудувања, а победник и освојувачот на златниот медал не го дадоа ниту дополнителните пет минути.

Во пенал серијата посреќни и попрецизни беа „виолетовите“ кои во петтата серија погодија и го осигураа шампионскиот пехар.

Наградата за најдобар играч му припадна на Томче Речкоски од Кадмо, а признанието за најдобар голман заслужено замина во рацете на Раиф Мисерлоски.

Бронзеното одличје од 12-от турнир во мал фудбал во Велгошти го освои Мистер И кој во малото финале со 6-2 го совлада составот на Мешеишта.

Победникот на турнирот АСП Пак доби 80 000 денари, вицешампионот Кадмо 40 000, бронзениот Мистер И 15 000 и четвртотопласираната Мешеишта 5 000 денари.

 Ohrid News.