Младински Совет Охрид во соработка со Основното училиште Братство Единство ја реализираше првата фаза од проектот “Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет“.

Во рамките на проектот реализирани се 22 едукативни рабоилници во кои се опфатени 308 ученици од основните училишта Братство-Единство Лескајца, Братство Единство Крст Џамија и Живко Чинго во  Велгошти во Охрид и 112 тинејџери од средношколскиот центар Нико Нестор во Струга. Исто така реализирани се и работилници за наставници и родители во кои се учествуваа 38 наставници и 68 родители од гореспоменатите училишта.

Едукациите имаа за цел да им објаснат на децата, родителите и наставниците колку е значајна заштитата на личните податоци, како тие можат да бидат искористени или злоупотребени од другите и на кој начин можат да се заштитат.

Едукациите беа реализирани на македонски и албански јазик. Едукатори беа Марија Пупиноска Гогова и Лизана Зиба, професорки по информатика во училиштето Братство Единство, а асистенти Илче Каневчев и Катерина Ситникоска од Младински Совет Охрид.

Проектот се реализираше во периодот април-јуни 2008 година.

Носител на проектот е фондацијата Метаморфозис , а финансиски е поддржан од Европската Унија