Вечерва, 01/08/2019 со двата натпревари започнуваат возбудувањата во четвртфиналето на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2019“.

Четвртфиналето ќе започне со екипите на Маркет Мате – Галакси со средбата во 21 часот, а потоа следува дуелот помеѓу Хотел Престол – Такси Мече во 22 часот.

Преостанатите два натпревари од четвртфиналето ќе се одиграат в сабота на 3 август.

Двојки:

Четврток

21:00ч Маркет Мате – Галакси

22:00ч Хотел Престол – Такси Мече

Сабота:

21:00ч Ескобар – Сатеска Волино

22:00ч Антика Трејд – Асп Пак