Чингоски: Oд понеделник (4ти септември) нема да има слободен и организиран превоз за учениците

Сакам да ги информирам сите родители од основните училишта, поради екстремно високите цени на тендерите од страна на превозниците. Ние директорите од овие училишта бевме принудени истите да ги раскинеме, бидејќи ние доколку би ги прифатиле истите би сноселе кривична и морална одговорност, вели директорот на ОУ „Живко Чинго“, Велгошти, Ѓоко Чингоски.

„Поради тоа, од понеделник (4ти септември) нема да има слободен и организиран превоз за учениците. Само за споредба ќе укажам: Месечната карта за Велгошти изнесува 600 денари, а тие настапија со износ од над 2000 денари. За Лескоец и „Кочо Рацин“ тој износ беше над 3300 денари. И покрај нашите укажувања до превозниците дека не можеме и не смееме да ги прифатиме овие астрономски суми, од превозниците не наидовме на никакво разбирање од нивна страна. Овој превоз како што милуваат тие превозниците да го наречат бесплатен е на терет на Министерството за образование  и наука. Да, велат бесплатен, а на основ на тоа сакаат да остварат дебели профити. Само во ОУ „Живко Чинго“ за 45 дечиња годишно, односно за 9 месеци би имале над 750 000 денари влез на парични средства.“– вели Чингоски.

Како што информира, директорот Чингоски, во тек е новиот тендер за превоз во ОУ „Живко Чинго“, електронската аукција е закажана на 11ти септември 2017 година.

„Се надеваме и апелираме до превозниците на нивно разбирање и слух да не ја користат шансата дека нашите ученици мораат да имаат бесплатен превоз за нивна лична корист, туку да сфатат и разберат дека тоа се нашите идни млади луѓе кои треба да ги воспитаме вво духот на несебичноста, на вистинските вредности во животот, а не во духот каде парите би биле се, газејќи дури и по нивните детски потреби. А, од друга страна секако ние директорите ќе бидеме повторно принудени да го растуриме и овој тендер, бидејќи ние ја сносиме одговорноста и кон Министерството и целокупно кон нашето општество.“– додава Чингоски.

WebOhrid




Напишете коментар