Sveti-Kliment-OhridskiВо Македонија денеска се одбележува Денот на Св. Климент Охридски. Овој празник шеста година е државен празник, со кој се слави делото на првиот оригинален словенски писател и просветител, првиот словенски епископ и творец на Охридската книжевна школа.

Тој е најистакнат ученик на творците на словенската писменост, светите браќа Кирил и Методиј, и најверен продолжувач на нивното дело. Ги придружувал дваесетина години во просветителската мисија за одбрана на словенскиот јазик во Велика Моравија.

Не помалку значајна е и неговата преведувачка дејност.

На Св. Кирил и Методиј им помагал во преведувањето на потребната литература за црковната богослужба, а самиот го превел целиот Цветен триод. Во младоста отпатувал на Исток, каде што се запознава со верата во Христос. Учители му се самите апостоли.

Не се знае каде е точно роден, нема податоци за семејството и потеклото, освен дека бил закопан на 27 јули 916 година во манастирот на Плаошник во Охрид, што тој сам го изградил и го посветил на св. Пантелејмон. Кога манастирот бил претворен во џамија, моштите му биле пренесени во црквата Св. Богородица Перивлепта, која оттогаш е нарекувана со неговото име.

Моштите му се повторно вратени во август 2002 година по обновата и осветувањето на неговиот манастир.

Се претпоставува дека починал на 70-80 години и дека е роден околу 30-40 години на 9 век.