За да се помине по патот во горно Велгошти мора да се биде исклучително внимателен, затоа што на коловозот има длабоки дупки во кои може да останете во најдобар случлај само без тркало. Жителите се жалат дека вака е подолго време и оти ги искршиле автомобилите, бидејќи улиците не се реконструирани. Особено опасно е ноќе или при дожд кога дупките не се  забележуваат.  Иако локалните жители ги знааат дупките на улиците некогаш е тешко да се избегнат, а возачите кои прв пат минуваат тука речиси и да не ги промашуваат, коментираат мештаните.

Извор OhridNews

Фото: Ohrid News