Градежните активности во ОУ „Живко Чинго” – Велгошти финишираат

Во основното училиште „Живко Чинго” во Велгошти финишираат работите со градежниот зафат на ѕидовите на влезот од училиштето, информира директорот, Ѓоко Чингоски.11830765_493844997445818_2038688593_n

„На радост од родителите и учениците се доби нов и свеж изглед на училиштето. Исто така поставени се ракохфати со што е овозможена поголема сигурност и безбедност на учениците, а тоа е и приоритет на училиштето „Живко Чинго”. Ние правиме се и ќе сториме се за да им овозможиме на учениците што подобри и побезбедни услови за настава“ – вели Чингоски.11854003_493845020779149_1220038725_n

Градежните работи ги иврши фирмата ДООЕЛ „Баки градба” од Струга.
Извор:WebOhrid




Напишете коментар