По повод 135 години од постоењето на училиштето во Велгошти вечерва се одржа свеченост. На свеченоста покрај големиот број на Велгоштани присуствуваше и Градоначалникот на Охрид Александар Петрески кој на влезот на О.У. Живко Чинго беше пречекан со свирежи и негодување од страна на поголема група Вечгоштани. На присутните им се обрати директорката на училиштето Мирјана Крлеска како и Градоначалникот Петрески кој истакна дека О.У. Живко Чинго е единствано  училиште во Охрид во кое е забележано зголемување на бројот на ученици. Потоа следеше културно-уметничка програма во изведба за учениците при О.У. Живко Чинго.