Христина Шибаковска од ОУ „Живко Чинго“ ќе учествува на регионалниот натпревар по англиски јазик

На 23.03.2019 година се одржа општинскиот натпревар по англиски јазик во организација на ELTAM на кој активно учество зедоа ученици од петто до деветто одделение како и ученици од втора година средно образование.

Ученичката Христина Шибаковска од V одделение од ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти под менторство на наставничката по англиски јазик Марија Мицеска освои III место со 94 бода (од можни 100), со што се пласира за учество на регионален натпревар.




Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *