Кадмо против АСП Пак во финалето на турнирот „Велгошти 2016“

Екипите на Кадмо и АСП Пак ќе ги одмерат силите во финалето на 12-то издание на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2016“.

 


Тимот на Кадмо во полуфиналната голеада ја совлада екипата на Мешеишта со 5-3 и се пласираше во финалето. За „жолтите“ ова е втор пласман во финалето по ред, откако минатата година пораз за златото претрпеа од Спаски Пердул.

 


„Виолетовите“ во вториот полуфинален со 3-0 триумфираа над Мистер И и по година дена пауза одновно ќе се борат за првото место.

 

 

 

АСП Пак во 2014 година еднаш го освои турнирот, а в недела во 22 часот ќе има нова шанса. Претходно, во 21 часот во малото финале ќе се сретнат Мешеишта и Мистер И.

 


Пресметката во финалето нема да биде прва за Кадмо и АСП Пак на турнирот во Велгошти. Двете екипи еднаш силите ги одмерија во групната фаза, а мечот заврши 2-1 во корист на АСП Пак.


Победникот на турнирот „Велгошти 2016“ ќе добие парична награда од 80 000 денари, второпласираниот од 40 000, третопласираниот од 15 000, а четвртопласираниот од 5 000 денари. Организараторот ќе додели и индивидуални признанија за најдобар голман и најдобар играч.

 

Фото/Извор ohridnews.com




Напишете коментар