kud ilinden

Културно-уметничкото друштво „Илинден“ од Велгошти на 22 јуни ќе организира Меморијален фолклорен концерт, во знак на сеќавање на просветениот работник, учител и играорец Слободан Крлески под чие водство ова друштво успешно функционираше и настапуваше на бројни манифестации во земјава и странство, презентирајќи го атрактивниот и богат македонски и велгошки фолклор и традиција.

КУД “ИЛИНДЕН”е формирано во 2001 год.во кое учествуваат 150 членови на воздраст од 5 до 65год. Го негува богатиот и атрактивен изворен македонски фолклор. Располага со оргинални стари носии стари преку 50 години,и традиционални музички иструменти како што се тапанот,гајдата и кавалот. Од своето постоење учествувало на многу фестивали каде редовно добива признанија и награди.