slobodan-krleski-Врз основа на резултатите и утврдените критериуми на гласањето Комисијата во состав  Дејан Пановски ,  Јованка Точкова, Оливија Пирузева – Јанева, Коста Трифуноски и Александар Калачоски  донесе одлука годинешнава Повелба Свети Климент Охридски за заслуги за афирмација и промоција на Охрид и неговите вредности да ја додели постхумно на господин Слободан Крлески.

Слободан Крлески е еден од основачите на големите фолклорни и културно уметнички друштва од Охрид . Еден од оние кои неуморно го пренесуваа фолклорот и традиционалните вредности на Охридскиот крај во низа земји во светот , афирмирајќи го со тоа нашиот град , неговото име и неговото значење. Благодарение на посветеноста на Крлески , Охрид беше застапен како име во голем број весници , магазини, списанија кои ги следеа неговите настапите пред голем број претседатели, кралици, државници. Тој ја пренесуваше играта, тие пишуваа за Охрид“, истакна Дејан Пановски, претседател на комисијата за награди и признанија.

Пановски додаде дека о со ваа Повелба која се доделува постхумно на Крлески, треба да биде и сигнал дека личностите и вредностите кои Охрид повремено ги заборавал, не значи дека еден ден нема да го најдат своето место во историјата на градот. Патронот Свети Климент ќе ја врати мудроста, спокојството и духовноста на својот Град. Нека е вечно неговото име“, истакна Пановски.Nagrada_SvKlimentova_2014_2

Највисокото општинско признание во Охрид Св. Климентовата награда оваа година ја доби охридскиот, македонски и интернационален уметник Јордан Манасиески.
„Тоа е човек кој преку своите уметнички и ликовни излагања во многу градови ширум светот успеа Охрид да го претстави и постави на светстката културна мапа со што спонтано стана наш амбасадор во светот“, истакна градоначалникот Никола Бакрачески. Тој додаде дека од 7- те видни охриѓани од повеќе профили кои по својот квалитет беа најдобри во споредба со минатите години, секој заслужуваше да биде одбран.

Јордан Манасиески годинава беше награден со сребрен медал за човек на годината од страна на ејбиси Кембриџ, а пред домашната публика првпат се претстави во музејот на Робевци во 2013 година.