Во рамките на проектот „Прекуграничен Преспа парк“ од  17-ти до 19-ти ноември, во Јавната установа Национален парк Галичица се одвива обука за воспоставување и разој на Географски информативен систем.

Обуката ја спроведува Проф. Др. Ванчо Ѓорѓиев во соработка компанијата Сарис од Скопје, а на неа учествува техничкиот кадар на установата. Неодамна, установата изврши набавка на најсовремена компјутерска опрема и софтвер   со што се создадени сите технолошки предуслови за воспоставување на системот во установата.