Во Основното училиште „ Живко Чинго“ во село Велгошти се одржа отворен ден, во рамки на Деновите на меѓуетничка интеграција, што заеднички ги реализира Општина Охрид со основните, средните училишта и тимот на УСАИД за меѓуетничка интеграција.megjuetnicka_itegracija_071020164852-800x445

Основна цел на овој завршен ден беше презентацијата на сработените активности, во рамки на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието што ОУ „Живко Чинго“ с.Велгошти, ОУ „Кочо Рацин“, ОУ „Братство единство“, ОУ „Ванчо Николески“ с. Лескоец и средното училиште „Св.Климент Охридски“, ги реализираа со своите партнер училишта. На презентацијата, на поставените штандови можеа да се погледнат и активностите кои останатите училишта од Општина Охрид ги реализираа во рамки на работилниците, во Деновите на меѓуетничка интеграција.

За значењето на овој настан, пред присутните се обратија директорот на ОУ „ Живко Чинго“ од село Велгошти Ѓоко Чингоски и заменик градоначалникот Ангел Јанев. Заеднички беше потенцирано дека денешниот ден е најдобар пример, показател за посветеноста и стремежот на општината, основните и средните училишта, родителите и учениците, за почитување на различностите и меѓусебното разбирање.

По секоја презентација имаше културно- уметнички дел во кој настапија хорот на средното училиште „ Св. Климент Охридски“ ,ученичката Билјана Буџакоска и играорната група од ОУ „ Живко Чинго“ и мултиетничкиот хор при ОУ „Братство- Единство“ .