Романот „Големата вода“ од Живко Чинго, во превод на француски јазик од Марија Бежановска ја доби за наградата „При Ноктурн 2014“, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Наградата и беше врачена на преведувачката на романот, Марија Бежановска на свеченост која се одржа во „Мезон де ла поези“ (Домот на поезијата) во Париз. На деветтото издание на „При Ноктурн“, кое од 2005 година ги наградува литературните текстови со чудна или фантастична инспирација, покрај романот „Големата вода“ на Живко Чинго во конкуренција беа уште седум други дела.

Целта на оваа награда е да ги врати повторно пред читателите делата кои по „малку се заборавени“ со необична или фанатстична инспирација.Големата_вода_постер

Големата вода е роман на Живко Чинго објавен во 1971 година. Раскажувањето во романот е предадено преку главниот лик Лем Никодиноски. Тој ја доживеал трагичната судбина на многуте деца без родители од повоениот период, кога тие биле оставени на грижата на строгите и сурови воспитувачи од сиропиталиштата.

Темата во романот е животот на децата, воени сирачиња, во домот за сираци „Светлост“ веднаш по завршувањето на Втората светска војна. Насловот на романот е силна метафора за недостижната слобода. Нејзината симболика има хуманистичко и антрополошко значење.
Според истиот роман е направен истоимениот филм во режија на Иво Трајков.

Живко Чинго

wpid-zivko_cingo1.jpgРоден е во 1935 г. во с. Велгошти, Охридско. Завршил Филозофски факултет во Скопје, извесно време работел како професор по книжевност во гимназија во Охрид, а потоа во Скопје работел во „Студентски збор“, „Млад борец“, Радиотелевизија Скопје, во Центарот за политички студии во Скопје и во Републичкиот комитет за култура. Бил директор на Македонскиот народен театар. Членувал на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) од 1963 година и бил академик во МАНУ.

Во македонската книжевност Чинго влегува кон крајот на педесетите години на XX век. Уште во своите први раскази објавени во периодиката тој го свртува кон себеси вниманието на книжевната јавност. Со појавата на првата збирка раскази Пасквелија се навестува голем мајстор на расказот и била дочекана како книжевно откровение.

Првата збирка раскази Пасквелија, издадена во 1961 година, била дочекана како книжевно откровение. Таа навестува голем мајстор на расказот, еден од водечките имиња на оваа раскажувачка форма. Неколку години подоцна, 1965 година, овој автор ја објавува и втората книга раскази Нова Пасквелија, која го повторува големиот успех на првата книга. Во 1966 година Чинго го објавува романот за деца Сребрени снегови, а во 1971 година и својот втор роман Големата вода (по која е снимен и истоимениот филм). Книгата раскази Вљубен дух, овој автор ја објави во 1976 година, на српскохрватски јазик.

Сите овие пет прозни дела, го сочинуваат јадрото на неговото творештво и го потврдуваат Чинго како автор со својствен раскажувачки свет, исклучителен по својата оригиналност, едноставност, со својата поетичност и непосредност, со својата раскажувачка драматика. Неговото творештво е високо вреднувано од македонската и југословенската критика, а неговите дела се преведувани на: српскохрватски, словенечки, албански, руски, полски, француски, унгарски и германски.