Во рамки на Научната и уметничка визита што ја организира Македонската академија на науките и уметностите, утре во Охрид ќе се одржи предавање на тема „Великани на македонската уметничка проза-Живко Чинго“.wpid-zivko_cingo11-310x197
Според најавите, на 25-ти јули во сабота со почеток во 19 часот ќе се одржи промоција на делото „Иконите на Дичо Зограф од црквите во Дебар и Мала Река“ на д-р Сашо Цветковски. На 26-ти јули во недела ќе има промоција на книгата „Македонската Глаголица” од академик Ѓеорѓи Поп-Атанасов.