Градоначалникот на Охрид , Александар Петрески , хероите од македонската ракометна репрезентација, кои го освоија петтото место на европското првенство и обезбедија учество во квалификациите за олимписките игри , како награда и почит, ги наградува со седумдневен бесплатен одмор во Охрид , заедно со нивните сопруги.
Македонските спортски репрезентации секогаш доаѓале во Охрид , за да ги наполнат срцата , да се оснажат и во себе да понесат дел од охридскиот дух за да можат успешно да се справат и со најдобрите екипи во Европа и светот.

makedonija-rakomet

Бесплатниот престој за ракометните херои е скромен дар на Општина Охрид , овој пат не да тренираат, туку да се релаксираат во убавините и спокојот на древниот Охрид,стои во дописот до медиумите од Кабинетот на градоначалникот на Општина Охрид Александар Петрески.
Четворицата репрезентативци потекнуваат од Струга , браќата Наумче и Златко Мојсоски, Велко Маркоски и Ацо Јоноски да летуваат во Охрид и не би била некоја награда.