Околу 11.30 часот македонските кошаркарски легенди пристигнаа на скопскиот аеродром “Александар Велики“ предводени од капитенот Перо Антиќ.На аеродромот прва ги пречека министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, како и илјадници обожаватели кои дојдоа на аеродромот.

611B64CD-8BBF-4119-88A7-7C1A1C948F21_w640_s
Селекторот Марин Докузовски изјави дека не им треба ниакаков медал по ваков пречек, и дека македонските граѓани се нивниот медал.Владо Илиевски ја повтори славната изјава со која ги насмеа и расположи сите присутни обожаватели на аеродромот кои повторуваа по него “Леле, луѓе, што направивме?“…
Прославата продолжи на плоштадот “Македонија”. Околу 100.000 граѓани ги пречекаа нашите кошаркарски херои на плоштадот “Македонија“. Кошаркарските легенди на патот кон плоштадот, со панорамскиот автобус крстосуваа низ скопските улици со пропратна станица во населбата Аеродром, каде беа пречекани од градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски во присуство на огромен број граѓани.
Црвено-жолтата боја доминираше од илјадниците  македонски знамиња кои на на аеродромот ги вееја луѓе од најразлични возрасти.
“Вчера по поразот ни беше многу тешко. Имавме болка во срцето зошто не ја освоивме медалјата, но сега кога ве видовме тука со поддршката што ни ја давате, колку не почитувате, не ни треба медалја, вие сте нашата медалја. Нема да ве разочараме и понатаму ќе победуваме за вас“, истакна пред насобраните граѓани на плоштадот селекторот Докузовски.
Тоше Гечевски, пак, рече дека чувствата се поделени, и радосни и тажни. – Бевме толку блиску до медал, но на крајот не го освоивме, додаде Гечевски.
“Покажавме кои сме. По победата над Хрватска и Грција веќе ја истакнувавме нашата кандидатура за висок пласман, а по победата над Грузија ни се отворија можности за влез во осумте најдобри. По триумфот над домаќинот Литванија влеговме во големата четворка, а сега ни преостанува на следното ЕП да освоиме медал“, изјави Предраг Самарџиски.
На централната прослава на големиот успех на плоштадот “Македонија“ и претходеше симболично минување на кошаркарите низ портата “Македонија“.
Извор:Macedonia News      http://www.mkdnews.com