Вечерва започнува турнирот во мал фудбал „Велгошти 2015“

Од вечерва во 20:30 часот, во охридското село Велгошти ќе започнат натпреварите од традиционалниот турнир во мал фудбал „Велгошти 2015“.

image

Организатор на турнирот е Здружението на граѓани „Велгошка гордост“, во соработа со МЗ Велгошти.

Од година во година турнирот добива се поголема популарност и е еден од најмасовните турнири во мал фудбал во регионот, со учество на екипи, покрај од Охрид и од Битола, Кичево, Ресен.

Годинава турнирот се одржува по 11-ти пат, а минатата година јубилејниот 10-ти турнир, беше оценет како еден од најдобро организираните. Организаторите се надеваат дека и годинава ќе го повторат успехот од лани. Најавуваат богат награден фонд за најдобрите екипи.

Ќе се играат по три натпревари од вечер. Финалето е предвидено да се одигра на самиот празник Света Петка, на 7-ми август. Ќе има и богата културно-уметничка програма. Освен наградите за најдобри екипи, ќе се доделат и награди за најдобар стрелец, најдобар играч и голман.

Екипите ќе се натпреваруваат по групи:

Група А:

1. Асп-Пак
2. Мешеишта
3. Сатеска Волино

Група Б:

1. Дакота Инженеринг – Охрид
2. Драслајца
3. Спаски-Пердул

Група Ц:

1. Бел Мерцедес
2. Жито Леб
3. Сливница Ресен
4. Кинк Керамика

Група Д:

1. Дебрца Гуго-Фул
2. Санитарија Грини
3. Дејан Војвода

Група Е:

1. Башукоски
2. Сити Палас
3. Инсомнија Враништа
4. Кадмо

Група Ф:

1. Видобишта
2. Мистер И
3. Фрст Клас

Група Г:

1. Бар Шила-Зоби
2. Дооел Ноче
3. Ви Бајк

Група Х:

1. План Б
2. Компани Филип
3. Св. Спас Лакочереј
4. Продавници Хермелија – Ангелоски (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес




Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *