IMG_1532Мештаните од Велгошти се крајно незадоволни од патиштата по кои треба секој ден да поминуваат. Како што се гледа од сликите кои ни ги испрати еден наш мештанин може да се види дека улицата е во катастрофална состојба.

Дел од оваа улица ,како што кажуваат мештаните започнала да се асфалтира пред 1 месец кога се завршило со асфалтирањето на друга улица, но таа се асфалтирала постепено на секои 2 ,3 дена по 3 ,4 метри, како и едно сокаче за кое не им е јасно како прво тоа дошло на ред за асфалтирање. Пред 3 недели ископале и дополнителни 20-тина метри кои што требало да бидат асфалтирани уште тогаш но багерите ги оставија само  дупките од 10 сантиметри, велат мештаните.

 

Незадоволството го произнесуваат и по тоа што и покрај „крпењето“ на улицата, сепак таа целосно не се „дозакрпува“ каква што била порано кога не било ни копано. Мештаните кажуваат дека веќе 2 години ништо не се преземало во однос на поправката на патот после ставањето на канализациониот систем, а со радост ја дочекаа поправката на патот, но и тоа беше прекинато со што незадоволството на мештаните за овој случај стана уште поголемо.

Надевајќи се дека ќе бидат ставени и сообраќајни огледала за прегледност на патот, им остана само да се молат барем патот да им биде поправен, за да не мачат маки и оваа зима.

Со оваа “брзина“ велгошти повторно ќе се најде во гинусовата книга но овој пат за најспоро ставање асфалт на улица ,што во просек ви дошло 2 метри на ден.