Велгошти ќе аплицира за влез во Гинис.

После фудбалскиот натпревар со најмногу постигнати погодоци преку кој селото за прв пат беше запишано во Гинисовата книга на рекорди, покрената е иницијатива од страна на професорот Љупчо Кеверески, селото овој пат да влезе во книгата како место со најмногу доктори на науки по глава на жител, бидејќи во Велгошти има 25 доктори на науки на околу 2000 жители, што според Кеверески кој и самиот е доктор на науки претставува феномен во светски рамки.

извор:О2 телевизија