image

Верче Карафилоска е автор на   расказот  „Коси од розева волница“ што годинава ја доби  традиционалната  награда за краток расказ „Живко Чинго“. Наградениот труд  беше пратен   под шифра “Солза“ а тричленото жири во состав : Ирена Бачиќ- професор по македонски јазик и литература, Милчо Јованоски- новинар и Тоде Илиески- писател,  од вкупно 59 пристигнати раскази односно од трите кои влегоа во најтесна конкуренција “Коси од розова волница“ го избраа за најдобар.

Карафилоска за својот расказ  ќе биде награден со 30.000 денари, а наградата ќе и  биде врачена на 13 август на традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“ во охридското село Велгошти.

Верче Карафилоска е родена на 23.03.1994 година во Гостивар. На едногодишна возраст се сели во Скопје каде останува да живее до денес. Средно образование завршува во СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“. По завршувањето на средното образование се запишува на Економскиот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

image

Нејзиното позначајно книжевно достигнување се случува во 2013 година кога со расказот „Мукавени ѕвезди“ го освојува првото место на годишниот конкурс за краток расказ на „Нова Македонија“.

Во моментот го пишува нејзиниот прв роман „Бездомникот со златен часовник“.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk