Православните христијани денес го празнуваат Денот посветен на Света преподобна Параскева (Св. Петка).

sv-petka-3

Овој ден најмногу се празнува во нашето село Велгошти каде има и манастир посетен на светицата. Вообичаено празнувањето започнува на 07 август попладне кога во црквата се пејат петолебија, колаци и пченица за здравје, по што започнува и свечена богослужба. 
BAKRACESKI-VO-SV-PETKA1

За градбата на манастирот „Света Петка“ во Велгошти, има легенда во која се вели дека Велгоштани почнале да ја градат црква во знак на благодарност кон светицата за добрите дела .Градбата почнала во близина на селото .Изграденото ноќта „Света Петка“ го разурнала . Тоа се повторило и вториот ден ,па мајсторите третиот ден поставиле стража. На мајсторите им „Света Петка“ рекла дека ја урива градбата зошто тука не сака да и градат црква туку на местото каде што сега се наоѓа.

Св. Петка е родена кон крајот на деветиот или пак на почетокот на десетиот век во градот Епифат кој што се наоѓа помеѓу градот Силимвије и Цариград, на ден петок, па и отаму доаѓа и нејзиното име Параскева што во превод од грчкиот јазик значи петок. Потекнува од чесно и имотно христијанско семејство и со одобрение на нејзините родители нејзиниот постар брат Јефтимиј прво се замонашил, а подоцна станал епископ Мадитски. Нејзиниот живот бил исполнет со молитви и работа,по смрта на нејзините родители поради Христа заминала на поклонение во Цариград,потоа престојува во Халкедонскиот манастир, а од таму заминува во Ираклија каде што пет години престојува во Богородичната црква. По нејзиното враќање во родниод град Епифат веќе никој неможел да ја препознае бидејќи немала роднини, а и неколку децении била отсатна од градот. Крајот на својот живот го минала со работа,пост и молитви без да дознаат нејзините сограѓани која е.