На 06.10.2019 во 19.30 часот на ул.„Илинденска“ во с.Велгошти, охридско, патничко моторно возило „лада нива“, со охридски регистарски ознаки, управувано од В.Д.(57) од с. Велгошти, удрило во пешаците Ц.С.(26), Ј.С.(24) и дете. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Ц.С., а со телесни повреди се здобила Ј.С. и биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош. Додека, кај детето не биле констатирани повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Охрид.